VYVID

Визуелни Алхемичари.

VYVID

VYVID — Видео Продукција и Фото Продукција во Скопје

Визуелни Алхемичари.

Ние сме VYVID

Создаваме видеа што раскажуваат приказни, оставаат траен впечаток и имаат вистински филмски изглед.

Да ја подигнеме креативната видео продукција на ниво на филмска уметност, спојувајќи ја естетиката, раскажувањето и иновативниот пристап.

Скопје, Македонија

Базирани во Скопје — работиме низ цела Македонија и во странство.

Можности

  • Видео Монтажа

    Со динамична и ефикасна монтажа го задржуваме вниманието на гледачот и нудиме брза изработка.

  • Кинематографија

    Со најнова опрема и професионални камермани гарантираме висококвалитетна слика.

  • Дизајн на звук

    Го оживуваме видеото со динамични звуци и звучни ефекти.

  • Колор Корекција

    Бои кои доловуваат препознатлив филмски изглед. Ја манипулираме бојата за да биде по привлечно за окото.

  • Фотографија

    Комерцијална, продукт и настан фотографија со исто филмско око — впечатливи фотографии за брендови, кампањи и зад-сцена документирање.

Проекти

  • Бојата на мракот

    Краток игран филм · 2025 · Факултет за драмски уметности - Скопје

    Воден од стравот од просечност, сликар ја жртвува сопствената вид за последното ремек-дело кое веќе не може да го види.

  • Уста полна со земја

    Краток игран филм · 2023 · Факултет за драмски уметности - Скопје

    Кога самоубиството на еден човек е прекинато од самопрогласена толпа, тој станува платно за нивниот гнев, само за да биде отфрлен штом неговата трагедија повеќе не ги забавува.

  • Видео за заштита на животната средина

    Документарен · 2022 · European House Competition

    Видео за заштита на животната средина, финалист на European House competition.

  • Пост

    Краток игран филм · 2021 · Хелсиншки комитет / Холандска амбасада / Скопје Филмски фестивал

    Што се случува кога правосудниот систем не си ја завршил својата работа како што треба? Колку жртви постојат во моментов и колку жртви ќе има во иднина доколку сè остане исто? Едно младо момче отвора прозорец кон овој г…

Види ги сите проекти

Тимот

  • Кристијан — Директор/Монтажер
  • Софија — Креативен продуцент
  • Димитар — Дизајнер на звук
  • Александар — Камерман

За нас

Веруваме дека филмот не е само медиум за создавање уметност, туку и моќна алатка за поттикнување дијалог и двигател за решавање на општествените проблеми.

Покрај нашата комерцијална и уметничка работа, длабоко се грижиме за светот во кој живееме и за влијанието што нашите приказни можат да го имаат.

Нашите проекти често обработуваат интимни, човекови прашања но и општествени теми, вклучувајќи човекови права, и современи општествени прашања.