VYVID

Визуелни Алхемичари.

VYVID

Корпоративно видео — продукција за компании

Доброто корпоративно видео не само што ја опишува вашата компанија — тоа гради доверба во неа. Снимаме презентации на компании, recruitment видеа, testimonial-и, настани и интерна комуникација со истиот филмски стандард што го носиме во филмовите и рекламите.

Продуциравме видеа за амбасади, меѓународни натпревари и институции — знаеме како формална порака да остане интересна.

Што добивате

  • Презентациски и „за нас" видеа
  • Testimonial и интервју видеа
  • Покривање настани и конференции
  • Recruitment и employer-branding видеа
  • Титлови и верзии на македонски и англиски

Како работиме

  1. Бриф и концепт: Ги слушаме вашите цели, публика и буџет, па развиваме концепт, сценарио и визуелна насока.
  2. Пред-продукција: Локации, кастинг, опрема и план за снимање — сè договорено пред првиот кадар.
  3. Продукција: Снимање со cinema-line камери во 4K+, професионално осветлување и звук на сет.
  4. Пост-продукција: Монтажа, колор корекција, дизајн на звук и испорака во секој формат што ви треба.

FAQ

Колку треба да трае едно корпоративно видео?

Обично 60–120 секунди за презентациско видео и до 30 секунди за кратки верзии за социјални мрежи. Од едно снимање ги испорачуваме двете.

Дали снимате во наши простории или на настан?

Да — снимаме на локација низ цела Македонија и регионот, со сопствено осветлување и аудио опрема.

Дали обезбедувате титлови и превод?

Да, стандардно испорачуваме титлувани верзии на македонски и англиски, а по договор и на други јазици.

Проекти

Започни проект